More

    Кралицата Летиција и кралот Фелипе Шести наскоро ќе заминат на летен одмор кој традиционално го поминуваат на Мајорка во палатата Маривент, летната резиденција на шпанското кралско семејство

    spot_img

    Кралицата Летиција и кралот Фелипе Шести наскоро ќе заминат на летен одмор кој традиционално го поминуваат на Мајорка во палатата Маривент, летната резиденција на шпанското кралско семејство.

    Пред да заминат на прекрасниот остров, тие поминуваат време во Мадрид и ги исполнуваат договорените обврски. Така, во палатата Зарзуела го запознале американскиот медиумски магнат Чарлс Ривкин.

    Ривкин е претседател и извршен директор на компанијата „Мошн пикчр асосиешн“, во која во моментот се наоѓаат „Дизни“, „Нетфликс“, „Парамаунт“, „Сони“, „Универзал“ и „Ворнер Брос“.

    Летиција за работниот состанок избра лежерна комбинација, во однос на обувките прилагодени на нејзината неодамнешна повреда на стапалото. Лелеавото плисирано здолниште на брендот „Бос“ во нежни пастелни нијанси и бела боја, кралицата го искомбинирала со свилена блуза со кратки ракави.

    На нејзините стапала имаше влечки од шпанскиот бренд „Ели“ 1957 украсени со кристали „Сваровски“. Ова не е тип на обувки што кралицата ги носи во вакви деловни пригоди, но со оглед на повредата сосема е разбирливо што посегнува по моделите во кои во моментот се чувствува најудобно.

    И додека повеќето ја фалат нејзината одлука да ги стави здравјето и удобноста на прво место, ги има и оние кои го критикуваат нејзиниот избор.

    „Ова се влечки за плажа, а не за работа и за кралската палата“, е еден од негативните коментари на Инстаграм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img