Кралицата Елизабета Втора доби кукла со нејзиниот лик по повод 70 години на тронот

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Британската кралица Елизабета Втора ќе добие кукла Барби со нејзиниот платинест јубилеен лик од производителот на играчки Мател. Куклата ќе биде пуштена во продажба денеска, на 96-от роденден на кралицата.

Таа е дел од колекцијата Барби, за која компанијата вели дека им оддава почит на „визионерските поединци со исклучително влијание и наследство“, пишува Би-Би-Си.

Колекцијата беше лансирана минатата година со кукла на американската актерка Лусил Бол.

Куклата Барби на кралицата Елизабета Втора е пуштена во продажба во спомен на 70 години на тронот.

Облечена во фустан од слонова коска со сина лента, куклата содржи детали од нејзиното минато. Таа носи дијадема што кралицата ја носи на денот на нејзината венчавка и розови и сини панделки по примерот на оние што и ги дале нејзиниот татко Џорџ Шести и дедото Џорџ Петти, велат од компанијата.

Share This Article