Кралицата Елизабета (96) е со сериозно нарушено здравје под медицински надзор во замокот Балморал, а покрај неа се нејзините деца, принцот Чарлс и принцезата Ана.
Но, итно со авион во Шкотска заминаа и принцот Вилијам, принцот Ендрју со сопругата Софи и низа други припадници на кралското семејство.
Принцот Хари исто така патува натаму, но без неговата сопруга Меган Маркл, иако и таа е во Велика Британија.
Од Бакингемската палата велат дека кралицата е во ред по прегледите направени утринава, но со оглед дека целото кралско семјество се собира во Балморал изгледа дека ситуацијата е критична.