Кралицата Елизабета имаше подготвен говор во случај на трета светска војна

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кралицата Елизабета Втора. таа имаше голем број говори подготвени за големи настани, вклучувајќи го и оној што ќе го одржи доколку се случи третата светска војна.

Оваа верзија на говорот е напишана во 1983 година, за време на Студената војна, а на јавноста стана достапна во 2013 година, кога ја објави Националниот архив на Велика Британија.

Одредени делови од говорот се застарени, но се верува дека неговата суштина ќе се искористи доколку дојде до нов светски конфликт. Текстот на говорот кој го пренесе Би-Би-Си го пренесуваме во целост:

„Никогаш не ја заборавив тагата што ја почувствував на тој кобен ден во 1939 година додека го слушав татко ми (Џорџ VI) како вели дека Втората светска војна започнала. Немав поим дека еден ден ќе треба да го кажам истото. Како и да е, какви и да не чекаат ужаси, сето она што двапати ни помогна да ја зачуваме слободата овој век, ќе ни помогне да преживееме повторно.

Сите знаеме дека сега се соочуваме со опасности поголеми отколку што некогаш биле. Непријателот не е војник со пушка или авијатичар кој лета над нашите градови и села, туку злоупотребена технологија, која има смртоносна моќ.

Значи, мојата порака до вас е едноставна. Помогнете им на оние кои не можат да си помогнат, бидете утеха за осамените и бездомниците. Нека вашето семејство им даде надеж на оние на кои им треба. Додека заедно се бориме против злото, да се молиме за нашата земја и луѓето со добра волја, каде и да се. Господ да ве благослови“.

Share This Article