More

    Крадецот објасни зошто ја ограбиле Ким Кардашијан во Париз

    spot_img

    Ким Кардашијан тогаш беше ѕвезда на модната недела во Париз, а по враќањето во хотелот одмарала на креветот кога крадци упаднале и и го одзеле накитот вреден 10 милиони долари.

    По овој грабеж Јунис бил уапсен, а сега ги открил сите детали од упадот во хотелот, како и како прво ја онеспособиле рецепционерот.

    – Гледав едно од реалните шоуа кога и паднаа дијамантите во морето. Мислев – богата е, не и е грижа. Бидејќи ги расфрлаше пари наоколу, решив да и ги земам и тоа е тоа – рекол крадецот.

    Абас признал дека верува дека Ким била исплашена: „Не можеш да поминеш низ тоа без последици, се разбира дека таа беше истрауматизирана“.

    Еден од нештата од пленот вреден 10 милиони долари бил свршеничкиот прстен што Ким го добила од нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест.

    – На интернет видов дека тој прстен е познат, го има на сите слики на социјалните мрежи и во списанијата – а потоа додал дека тоа е единственото парче накит што „преживеа“.

    – Се останато стопивме и го продадовме затоа што тешко би го продаделе – додаде тој.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img