Мислам дека Бујар Османи е класичен манипулатор и се обидува да ја дефокусира македонската и меѓународната јавност од криминалот кој што го откриваме деновиве за кој што тој молчи и не се произнесува за криминалот на неговиот шеф, односно за кланот Ахмети туку се обидува да ја дефокусира јавноста со работа која што е затворена. Нашиот претседател многу јасно кажа дека избори се единственото решение. Тоа дали има линија од ИК која што ги убедувала пратениците мислам дека е крајно несериозно да се тврди затоа што сите ние многу добро знаеме кои се нашите ставови и дека ќе опстоиме на нашите ставови.
Вака пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Корупцијата и криминалот, приоритет на власта на ДУИ и СДС“ ги коментираше обидите за, како што тврди, дефокус на Бујар Османи со изјавата дека во ВМРО-ДПМНЕ имало линија која е за уставни измени.
Ковачки додаде дека Бујар Османи и ДУИ треба да си погледнат во сопствениот двор и да не прават дефокус, обидувајќи се да прават проблеми таму каде што ги нема.
– Нашиот став по тоа прашање е јасен и тоа прашање е затворено – порача Ковачки.