More

    Ковачки со документи ги негира демантите на министерката Славјанка Петровска,куќата е нејзина а таа грубо лаже!!!

    spot_img

    Министерката за одбрана Славјанка Петровска лаже дека луксузна хациенда со базен во Радишани не е нејзина и дека е продадена пред 10 години, имаме доказ со кој се потврдува тоа – евидентен лист од Агенцијата за Катастар на недвижности, од кој јасно се гледа дека таа е прибележана како сопственик на таа хациенда – рече вчера на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки. Тој презентираше документи, кои, како што рече, се несоборливи докази дека луксузната хациенда со базен е сопственост на Петровска и на нејзиното семејство.

    „Ова е сметка за вода за хациендата со базен на Петровска. Како лице на кое се води водомерот на тој објект е назначен Љупчо Петровски, татко на Славјанка Петровска. Од оваа сметка се гледа дека семејството Петровски ја користи луксузната хациенда како свое живеалиште или едно од објектите во кој тие престојуваат. Адресата на хациендата со базен на Славјанка Петровска е и адресата која според нашите сознанија е место на живеење по лична карта на министерката. Ако таа тврди дека не е така, нека ја покаже личната карта на увид на јавноста.

    Петровска на последните избори гласаше на избирачкото место на кое гласаат жителите на Радишанска од реонот во кој се наоѓа хациендата со базен. Повеќе од јасно е дека хациендата е живеалиште на Петровска по документи која истите ги има во институциите. Нејасно е само зошто крие од јавноста? И дали една од причините е затоа што луксузната хациенда со базен е дивоградба – праша пратеникот Ковачки.

    Тој ја повика министерката Петровска да не бега од одговорноста и да поднесе оставка.

    – Петровска е фатена во лага и веднаш да си даде оставка од позицијата Министер за одбрана. Личност која крие имот, а во исто време е во посед на дивоградба не смее да извршува таква одговорна функција. Истовремено ги повикуваме институциите да отворат постапка за Петровска. Одговорност мора да има. И политичка и кривична – рече Ковачки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img