More

    Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ за безбедносната состојба во мандатот на СДСМ

    spot_img

    Откога СДСМ е на власт, поточно откога Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи само во Скопје има над 20 нерасветлени убиства – изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во своето гостување на радио Лидер.

    – Не е добра безбедносната состојба. Еве за вашите слушатели да откриеме дека во изминатиот период, од моментот на доаѓање на СДС на власт односно од Оливер Спасовски како е станат министер, вие имате преку 20 нерасветлени убиства само на територија на градот Скопје. Ги гледате овие последните убиства што беа во строгиот центар на Скопје, недалеку од владата, недалеку од Американската амбасада, од касарната Илинден каде што е и специјалната единица Тигар – рече тој.

    Ковачки потсети и на случајот во Арачиново каде полицајци, според него, биле истепани додека беа на должност и за тоа нема никаква одговорност.

    – Имаме ситуација каде што наши полицајци, кои што носат грб и знаме на оваа држава, од Арачиново се избркани, значи истепани, додека биле на должност, значи влегуваат во полициска станица ги бркаат и притоа немаат одговорност – рече Ковачки.

    Ковачки рече дека има примери и во помалите места каде се малтретираат неистомислениците на власта.

    – Од друга страна, еве во помалите места имате вработени во МВР, кои еве заминале во пензија, па одат дома, им прават претрес, ги гонат, ги затвараат, ги малтретираат само затоа што се неистомисленици – истакна Ковачки.

    Тој обвини дека полицијата е вмешана во недозволена трговија со наркотици.

    – Дрога врие по улиците, никој ништо не превзема, затоа што во бизнисот со таа работа се вклучени високи полициски началници и позади тоа најверојатно стои врвот на Министерството за внатрешни работи. Само да ве потсетам, имаше ситуација каде што поранешната јавна обвинителка за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска при една акција која што беше пробиена, јавно изнесе став дека акциите поврзани со дрогата се пробиваат директно од врвот на МВР – рече Ковачки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img