Премиерот Димитар Ковачевски синоќа ги покажа и своите пеачки способности на вечера со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
Тој на вечерата во познат белградски ресторан ја запеа песната „Дајте вина“ од Харис Џиновиќ.
Снимка од вечерата и пеењето објави српскиот претседател Александар Вучиќ со коментар: „Да живее пријателството меѓу Црна Гора, Северна Македонија и Србија!“.
Вечерата беше организирана по отворањето на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ каде што учествуваа 74 македонски производители на вино и храна.
На Саемот беа претставени 600 производители на вино.
Според најавата денеска премиерот Ковачевски има средба со српската премиерка Ана Брнабиќ.