More

    Ковачевски вели имаме храна, а цената на нафтата не се знае до каде ќе оди

    spot_img

    Усогласување на пензиите во септември, а во најголемиот дел од јавниот сектор платите се зголемуваат. Цената на нафтата урива рекорди и не се знае до каде ќе оди. Стоковите резерви се на ниво кое е пропишано со закон. Ова накусо го изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката Таб Мак во Пробиштип.

    – Со нафтените деривати имаме непречено снабдување постојано, од почетокот на кризата. Во однос на храната се управува дневно и неделно во однос на резервите кои ги имаме и се обезбедува непречено снабдување на пазарот во услови кога има недостатоци. Ние во моментов немаме недостатоци на храна во државата, бидејќи преку директни контакти со соседите обезбедивме непречен проток на прехранбени производи – рече Ковачевски.

    Тој соопшти дека се прави редизајн на дел од мерките, а кога ќе бидат направени сите анализи ќе биде воведен и нов пакет мерки. Со ребалансот кој е предложен од Собранието веќе се предвидени нови 80 милиони евра за антикризни мерки кои по направените анализи и ревидирањето на постојните мерки ќе бидат предложени и ставени во функција.

    Тој додаде дека не се укинати сите мерки, дека поддршката за граѓаните со најниски примања е останата во сила, а во делот на електричната енергија остануваат мерките до крајот на годината.

    – Ние први, како Влада, реагиравме со мерки и тоа беше потврдено со сите извештаи на почетокот на енергетската криза. Направивме намалување на Данокот на додадена вредност на електрична енергија и извршивме субвенционирање на 80 проценти од сметките кои граѓаните ги плаќаат. Овие мерки продолжуваат до крајот на оваа година – рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img