Ковачевски вели дека преговорите меѓу министерствата продолжуваат

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ги отфрли шпекулациите дека за отворените прашања со Бугарија се постигнало решение зад затворени врати и нагласи разговорите продолжуваат на ниво на министерствата за надворешни работи што беше потврдено и за време на викендот со средбите на министерствата во Скопје.– Во моментот кога ќе има решение што е прифатливо за двете страни, коешто се базира на европски вредности, кое го задржува достоинството на граѓаните на двете држави и ќе биде прифатливо за двете страни, ќе може да биде споделено со институциите – истакна Ковачевски.

Премиерот Ковачевски го изрази своето цврсто уверување дека залагањето на францускиот претседател Макрон и Министерството за надворешни работи на Франција, сѐ со цел оваа тема да се стави високо на агендата на претседателствувањето на Франција со ЕУ.

 – Во рамки на нивните ингеренции и капацитет тие помагаат во фасилитирање на разговорите помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија меѓутоа не постои конкретен предлог. Ние како соседи треба да изнајдеме решение кое ќе биде основа за градење добрососедски односи за иднината и кое ќе претставува основа за одржување на првата меѓувладина конференција за нашата државата – посочи Ковачевски.
Share This Article