Ковачевски: Цените од 1 август ќе се земат како референтни за најавеното поевтинување на повеќе од 50 основни прехранбени производи во земјава

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Цените од 1 август ќе се земат како референтни за најавеното поевтинување на повеќе од 50 основни прехранбени производи во земјава, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, поскапувањето се случувало најмногу после 1 август, затоа таа дата е земена како репер, но тоа не значи дека нема да земат предвид и други елементи.

– Ги анализиравме цените и практично, покачувањето се случува најмногу после 1 август, затоа го земавме како репер. Но, тоа не значи дека нема да се земат предвид и другите елементи, па и јули. Анализата се прави, сметам дека до крајот на викендов ќе биде завршена. Најважно е дека се носи мерка со која ќе бидат прекинати секакви можности за манипулација со промоции на цените и тоа што се одржа состанок на кој трговските ланци изразија волја за намалување на цената за најмалку 10 отсто, како и дека нема да биде земена како рефрентна цената денес, туку цената што се наоѓа во период зад нас – потенцира Ковачевски.

Одлуката за замрзнување на цените на 50 основни прехранбени производи треба да биде донесена на владина седница во вторник идната недела.

Share This Article