Ковачевски: Тешко е да се открие кој стои зад мејловите со закани со бомби

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Не е лесно да се открие кој стои зад дојавите за бомби во училиштата бидејќи заканите доаѓаат од странски приватни виртуелни мрежи и адреси, но има индиции, рече премиерот Димитар Ковачевски како коментар на прашањето за новите дојави за бомби во училишта во земјава.

– Се работи за кибер војна. Овие лажни дојави за бомби се дел од тоа. Ги има и во други земји. МВР и секторот за тоа мора да реагираат и тоа го прават. Цел на овие напади се создавање паника. Не е лесно да се открие кој стои зад дојавите за бомби во училиштата бидејќи се користат виртуелни приватни мрежи во кои се отворени овие адреси, но има индиции за сторители и ако се утврди дека се од земјава ќе бидат санкционирани. Ние сме во дневна комуникација со нашите партнери во НАТО и имаме координација и со ЕУ за сајбер нападите и во борбата со корупцијата и борбата со енергетската криза – рече Ковачевски.

Веќе неколку недели речиси секој ден има дојави за бомби во училиштата во земјава. Прво тие беа насочени кој средните училишта во Скопје. Деновиве имаше и најави за бомби во основни училишта, а денеска за прв пат има дојава во училиште во Кавадарци.

Share This Article