Ковачевски телефонски разговараше со Столтенберг

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, попладнево телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за повеќе актуелни прашања од важност за регионот и во геополитички контекст.

Како што соопштија од владината прес-служба, било истакнато силното единството на државите сојузнички во Алијансата, во функција на мирот, по предизвиците од бруталната воената агресија на Русија врз Украина.

Притоа е поздравена ефективната поставеност на Република Северна Македонија на линија на поставеноста на НАТО партнерите и на заедничката и надворешна безбедносна политика на ЕУ, како и обезбедувањето на потребната поддршка за Украина.

„Во разговорот е посочено и на важноста од заеднички пристап во справувањето со хибридните закани и дезинформациите како предизвици по стабилноста и безбедноста. За аспектите на прашањата за коишто разговараа денеска премиерот Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, како што е посочено, се очекува да се разговара и на престојниот јулски Самит на НАТО во Вилнус, Литванија“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Share This Article