Ковачевски советува да користиме струја само за основни потреби

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нема ценовен шок со струјата ако се користи за основните потреби во домаќинствата, изјави премиерот  Димитар Ковачевски. Тој рече и дека ќе плаќаат повеќе оние кои имаат можност да ја користат за полуксузни намени.

Ковачевски посочи дека првиот и вториот тарифен блок опфаќаат до 98% од домаќинствата во државава и за нив, како што рече, „ќе нема никаква промена на цената како што и немаше бидејќи  ценовен шок не дозволивме за граѓаните“.

-Третиот и четвртиот блок се помал број домаќинства што имаат поголема потрошувачка на електрична енергија. Во четвртиот блок се домаќинства коишто согласно своите приходи, согласно своите можности загреваат поголеми простории, базени итн. Секој согласно своите можности тоа може да го прави, меѓутоа и ќе плати поскапа цена на електрична енергија бидејќи, да не заборавиме, ние ја субвенционираме до 90% за да немаме ценовен шок – рече Ковачевски.

Евтината тарифа преку ден, според него, е направена врз основа на пресметка што ја определува просечната потрошувачка на електрична енергија во текот на 24 часа и врз основа на претпоставено зголемување на потрошувачката од  13 д 15 часот на нешто што се правело подоцна или порано.

-Голем број на домаќинства во државата имаат пензионери, меѓутоа имаат и лица кои се дома и имаат активности кои побаруваат поголема потрошувачка на електрична енергија како што е готвење, перење, пеглање итн. и ги извршуваат во тие два часа. Такви искуства сме имале и во минатото кога имало евтина тарифа – рече Ковачевски.

Според Ковачевски, нема промена во однос на одлуката за проектот Чебрен. Одлуката, појасни, е донесена од страна на Владата, спроведена од Секторот за законодавство и направена согласно со  Законот за концесии и Законот за води.

– До овој момент јас во систем не сум видел промена на одлуката – наведе Ковачевски.

Share This Article