More

    Ковачевски соопшти дека имаме најнизок ДДВ и најдолг список на производи со стапка од 5% во регионот

    spot_img

    Прехранбените производи кои поскапеа откако Владата го зголеми ДДВ од 5 на 10 отсто и понатаму се со повластена стапка, односно се под основната стапка од 18 отсто, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, запрашан за став дали ќе има преиспитување на списокот на производи кои поскапуваат, а поскапуваат.

    – Треба да се има предвид дека ДДВ-то во нашата држава е најниско во регионот, па и речиси во цела Европа. Ние имаме 18%, Србија 20%, Грција 21%, Албанија 20%, што значи дека сите имаат повисока. Кога ќе ја видиме списокот на повластени производи со 5 отсто данок, таму се 1.600 производи, што исто така претставува најголема листа на артикли од сите земји – рече Ковачевски.

    Премиерот смета дека списокот на производи може да се промени за 1 или 2 производи, бидејќи при подготовката на списокот се внимавало на тоа колку тие се употребуваат секојдневно во домаќинствата.

    – Списокот, доколку постои некој производ 2-3 производи кои претставуваат во количини нешто што се користи во секојдневна основа, може да се разгледаат. Но списокот е добро прегледан и ги содржи оние производи кои во најголем дел се во секојдневна употреба. Тука спаѓаат и производи во производство на храна, исто така земјоделска механизација, ѓубрива, и така натаму – рече Ковачевски.

    Тој ги оцени за шпекулации информациите дека поскапеле и дел од основните прехранбени производи.

    – Кога ќе ја видиме списокот на повластени производи (со 5% ДДВ) на таа листа се 1600 основни продукти, и тоа е најголемата листа на повластени производи, и тука спаѓаат основни производи. Видов шпекулации дека брашното ќе се покачи, но не е точно. Хистерија се шири за ова и сметам дека е непотребно. Така што овие производи кои се произведуваат на 5%, и се однесува на 1600 такви продукти кои остануваат на 5%, имаме гарантирани цени кои се оставени на стапки од 5%. Она што е направено е направено да го штити стандардот на граѓаните, второ ќе видите дека струјата не поскапи, не поскапи парното, ниту храната-рече Ковачевски.

    Тој очекува до крајот на годината инфлацијата ќе се спушти на 5% и ќе биде на ниво пониско од регионот и од Европа.

    Со новата одлука на Владата, која беше донесена на 28 септември, а стапи на сила вчера, се зголемува ДДВ на повеќе производи, меѓу кои се чај, цвекло, лутеница, сладолед, чипс, мусли, овесни снегулки, зачини, млечни намази, кроасани, замрзната риба и храна за бебиња.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img