Ковачевски со честитката до Шекеринска за нејзината нова функција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Премиерот Димитар Ковачевски преку својот Фејсбук профил упати честитка до Радмила Шекеринска за нејзиниот избор за потпретседател на Партијата на европските социјалисти (ПЕС).

– Честитки Радмила! Изборот за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) е голем успех и убава вест за земјата и за сите македонски социјалдемократи! Особено што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција – потпретседател, личност која доаѓа од земја која сѐ уште не е полноправна членка на ЕУ! Благодарност до ПЕС за поддршката и за одлуката! Радмила Шекеринска е вистинскиот избор! – напиша на ФБ премиерот Ковачевски.

Share This Article