Ковачевски смета дека сега не треба да се разговара за намалување на даноците и придонесите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Даночното оптоварување кај нас и оптоварувањето на придонесите е најниско од сите држави од регионот и мислам дека не би било целисходно да се разговара за понатамошно намалување, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Ние со бизнис заедницата разговараме секојдневно. Јас имав состанок со претседателот на Стопанска комора завчера, исто така и со претставници на потсекторски групи. Кога се разговара за висината на придонесите, тогаш таа мора да се стави и во корелација со другите даноци во државата, меѓутоа и да се направи компаративна анализа со земји од соседството и со земји коишто се адекватни за компарација со нашата и можам да кажам дека даночното оптоварување кај нас и оптоварувањето на придонесите е најниско од сите држави од регионот – рече Ковачевски во одговор на прашање.

Премиерот нагласи дека во државата постојат и мерки коишто се однесуваат на субвенционирање на дел од придонесите со цел на зголемување на платите кај приватните компании и тие даваат одлични резултати.

– Заедно со системските мерки коишто се направија за новиот систем за зголемување на минималната плата, вклучително и со овие мерки ние имаме историско зголемување на минималната плата која беше 8.000 денари, а сега е 20.175 денари. Во тоа време беа потребни четири и пол минимални плати за една потрошувачка кошничка, а сега се потребни две – посочи Ковачевски.

Дополнително, додаде премиерот, просечната плата од ниво од 20.000 денари сега е на ниво над 34.000 денари.

– Притоа имаме намалено ниво на невработеност и зголемено ниво на вработеност. Подобри показатели од тоа дека имаме исправна економска политика во делот на вработувањата, во делот на зголемувањата на платите, во делот на намалувањето на невработеноста од овие не може да има и не постојат аргументи коишто можат да кажат дека оваа економска политика не дава резултати – потенцира Ковачевски.

Share This Article