Ковачевски смета дека рејтинзите му се ниски затоа што се мерени во незгоден момент

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Коментирајќи ги ниските рејтинзи и ставот на мнозинството граѓани дека државата не се движи во правилна насока, премиерот Димитар Ковачевски посочи дека анкетата била правена по период кога во земјава владееше хистерија за прифаќањето на предлогот за почеток на преговори, а истражувањето завршило пред да се потпише договорот за ФРОНТЕКС на македонски јазик, без фусноти и пред да започне преведувањето на европското законодавство на македонски јазик.

– Голем дел од одговорите не ме изненадуваат со оглед дека тоа беше период на прифаќање на европскиот предлог во Собранието. Тоа се случуваше во јули, анкетата е во септември, што секако влијае врз расположението на граѓани и градењето на перцепциите. Бидејќи знаете дека во тој период беше направена голема хистерија во однос на европскиот предлог, што тоа ќе предизвика, дека Македонците ќе го изгубеле својот јазик, дека ќе сме изгубеле идентитет – тоа го правеше опозицијата, пред сè Левица со нејзиниот заложник ВМРО-ДПМНЕ. И тоа сигурно дека влијаело врз перцепциите на граѓаните – рече Ковачевски.

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, смета дека неговиот и рејтингот на партијата што ја предводи и Владата ќе растат во следниот период поради доброто справување со кризата и мерките за помош на граѓаните, како и поради успешниот скрининг.

– Јас немам да го коментирам личниот рејтинг на кој било политичар. Секој може да го коментира својот, јас ќе го коментирам мојот. Би кажал дека нашите граѓани знаат да препознаат кога некој го вложува сиот свој труд, напор и енергија во време на најголема економска и енергетска криза да се грижи за одржување на економска стабилност, енергетска стабилност, обезбедување топлинска енергија во Градот Скопје, иако тоа не му е обврска. Само се потврдува дека ако го погледнете делот во ’топ оф маинд‘ одговорите на испитаниците, тогаш практично зборувајќи за себе бидејќи опфаќа 10 месеци од моето назначување, свесноста за работата растела со 1,44 проценти на месечно ниво што е прилично голем процент. Ако гледаме во однос на политичките рејтинзи, тогаш и тоа е респектабилно со оглед на 10-месечниот период на управување со Владата“ – изјави денеска Ковачевски.

Во однос на ниската доверба во судството (4 отсто целосна доверба) и во обвинителството (3 отсто целосна доверба), пак, тој не сакаше да коментира бидејќи како што рече тоа е посебна власт во државата.

Share This Article