Ковачевски смета дека нема потреба од лидерска средба зашто е актуелна понудата од последната

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Изборите ќе бидат во законскиот термин. Не може да ги супституираме институциите со средби на кои ќе се договара нешто што не согласно парламентарните и законските процедури, тоа не личи на земја членка на НАТО која преговара со ЕУ, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот рече дека сè уште на маса е понудата да ги изгласаме уставните измени, па да се одржат предвремени избори и дека динамиката за проширување на ЕУ е реална и сега треба да се донесат државнички одлуки.

– Ние имаме Закон за избор на претседател, Закон избор на пратеници, на парламент, Закон за избор на градоначалници итн. и за сето тоа постојат закони во државата. Се знаат роковите, на 12 мај треба да имаме нов претседател, на 15 јули треба да имаме нови пратеници, бидејќи до тогаш е мандатот на пратениците, значи треба да имаме парламентарни избори. Она што стои сè уште на маса јас ќе го повторам уште еднаш, тоа е ако ги изгласаме уставните измени како врвно прашање за продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата. – рече Ковачевски.

Тој додаде дека сега сите сме се увериле по изјавите и на Шарл Мишел, по вчерашниот состанок во Гранада, на еврокомесарот Оливер Вархеји по состанокот во Тирана, и изјавата на претседателот на Франција Емануел Макрон дека динамиката за проширување во ЕУ постои и дека тие веќе се подготвуваат за проширување.

– Ние не смееме да се доведеме до ситуација, уште еднаш, наместо да ги носиме одлуките коишто се потребни, да одиме на бесконечни избори коишто ги гледавме 11 години во државата. Тие не донесоа ништо, државата беше изолирана, државата имаше проблеми со соседите, почна проблеми внатре и на крајот мораше да се носат одлуки со решение коишто беа полоши од тоа што го имавме во маса во 2011 година. Ние не можеме да супституираме институции значи да укинуваме парламент, да укинуваме политички партии и да одиме на лидерски средби на коишто ќе се разговара за решенија кои не се усогласени со ниту еден закон – рече Ковачевски.

Тој потсети што му понудил на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на последната лидерска средба.

– Со оглед на тоа дека имавме лидерска средба, на којашто јас како претседател на СДСМ овластен и од мојата политичка партија, овластен и од коалицијата, понудив на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ решение, во понеделник да ги изгласаме уставните измени, истиот ден да го распуштиме Собранието и да одиме на избори. Или доколку сака тогаш може да ги отвориме уставните измени, да влезат во владата на паритетна основа, односно 50% од министерствата, плус да ги затвориме процесите на скринингот и на уставните измени, да ги отвориме поглавјата, да затвориме заедно едно или две поглавје во што сум убеден дека ќе може да ги направиме до февруари и потоа да одиме на претседателски и на парламентарни избори. Тоа се опции којшто сè уште стојат на маса инаку да ние ги супституираме институциите со средби на коишто ќе седнат двајца или тројца луѓе и ќе договараат нешто што не е согласно со парламентарните и законските процедури сметам дека тоа не личи на држава којашто е земја членка на НАТО и којашто преговара со ЕУ – рече Ковачевски.

Share This Article