More

    Ковачевски: Работиме на промена на законите со цел да се обезбеди можност за купување на лековите за цистична фиброза директно од производителите и со тоа да може да биде достапен лекот по пониска цена од таа која што во моментот ја има, а сега ценат на еден лек е 330.000 евра

    spot_img

    Работиме на промена на законите со цел да се обезбеди можност за купување на лековите за цистична фиброза директно од производителите и со тоа да може да биде достапен лекот по пониска цена од таа која што во моментот ја има, а сега ценат на еден лек е 330.000 евра – изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

    Тој рече дека Министерството за здравство и Фондот за здравство заедно со клиниките што се задолжени за пациентитите со цистична фиброза – Клиниката за пулмологија и Клиниката за детски болести веќе работат со потенцијални добавувачи.

    Премиерот Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање по настанот за традиционално закројување на лозје во село Ресава во Кавадарци, рече дека на состанокот со Асоцијацијата за цистична фиброза било договорено да се направи и протокол и процедури во однос на лекувањето на сите пациенти кои ја имаат оваа болест.

    – Сметам дека во наредниот период сите работи ќе бидат завршени и дека ќе може за овие пациенти, на кои навистина им е потребна помош, како и на секој друг пациент, овој проблем да биде решен – рече Ковачевски.

    Ковачевски нагласи дека секој човек е одговорен да работи во рамки на тоа што се негови одговорности.

    – Јас кажав дека вакви работи во државата се случуваат заради тоа што ние имаме една невозможна бирократија и тоа во изминатите 31 година каде што најголем дел од институциите и поединци кажуваат како нешто не може да се направи наместо да биде целта како нешто може да се направи. И заради тоа ги имавме тие состаноци кои беа организирани се со цел што побрзо да се реши овој проблем. Парите, како што кажав, веќе се наменски определени, тие се доделени на Фондот за здравство кои потоа од Фондот за здравство се префрлаат во клиниките што потоа го купуваат лекот и каде што се лекуваат пациентите – рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img