Ковачевски: Проевропската коалиција ќе направи се да ја тргне блокадата на патот на европските интеграции на државата

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Проевропската коалиција ќе направи се да ја тргне блокадата на патот на европските интеграции на државата. Нашата иднина е интеграција, а не изолација, порача попладнево премиерот Димитар Ковачевски.

На прес-конференцијата Ковачевски посочи дека во процесот на уставните измени што почна денеска во Собранието уште еднаш се потврдило дека сите партии и политички чинители од европскиот фронт и мислат добро на државата и се за интеграција во ЕУ, а дека единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада и изолација.

-Денес во Собранието стана кристално јасно кој навистина сака Северна Македонија да стане просперитетна држава, земја членка на ЕУ, а кој сака да ја блокира европската иднина на државата. Денес повторно се потврди дека Владата сите политички партии и сите политички чинители од проевропскиот фронт се единствените кои мислат добро и за државата, и за граѓаните и се за интеграција на државата во ЕУ исто како што беа за интеграција на државата во НАТО Алијансата. Денес повторно се потврди дека единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада и изолација. И тоа проевропски ориентираните граѓани нема ниту да го заборават, ниту да го простат. Ова блокирање кое тие толку долго го заговараат нема апсолутно никаква причина да се случи, истакна премиерот зад кој на прес-конференцијата стоеше владиниот тим.

Ковачевски критиките ги насочи кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека тие немаат никакви аргументи и идеја за дискусија и дека ја блокираат европската иднина на граѓаните за лични цели.

-Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина на граѓаните само и единствено за лични цели, а против подобар и попросперитетен живот за граѓаните и остварување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ на Северна Македонија. Ако тие не знаат да дебатираат и да аргументираат дома како тогаш да очекуваме дека ќе аргументираат и ќе водат дебата надвор со меѓународната заедница. Многу е јасно дека нивната цел не е да испреговараат нов договор. Многу е јасно дека нивната цел да блокираат и да си ги спасат сопствените политички кариери. И затоа нема веќе простор за манипулација од страна на ВМРО-ДПМНЕ, рече Ковачевски.

Според него, сите истражувања на јавното мислење покажуваат дека над 80% од граѓаните, без разлика на нивната припадност по која било основа, сакаат да живеат во ЕУ.

-Граѓаните сакаат подобар животен стандард, подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните заради економски напредок, социјална правда и врвна демократија. Сакаат подобар живот по европски стандарди со вредностите кои ги има единствено во ЕУ и во САД, наш стратешки партнер. Сакаат децата да им останат дома и тука да ја градат својата европска иднина. Земјава практикува европски вредности и заслужува по членството во НАТО да биде и полноправна членка на ЕУ. Пред нас е неповторлива шанса за потврдување на европскиот пат, забрзување на европските интеграции и остварување на оваа европска цел до 2030 година, бидејќи тоа е нашата иднина – интеграција, а не изолација – рече Ковачевски.

Тој потсети дека „ВМРО-ДПМНЕ ја изолираше и блокираше земјата на нејзиниот пат кон ЕУ и гласаше против членството во НАТО“.

-Но, проевропската коалиција нема намера да подлегне на ваквото неодговорно и недржавничко однесување и ќе направи се да ја тргне блокадата на патот на европските интеграции на државата. Нема да дозволиме граѓаните нивната иднина и државата да се блокира од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Продолжуваме понатаму да работиме на врвните национални и државни интереси и да обезбедиме мнозинство со кое ќе се продолжи европскиот пат на државата – нагласи Ковачевски.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article