More

    Ковачевски приреди Ифтарска вечер

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски вечерва е домаќин на Ифтарска вечер, на којашто присуствуваат поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, министри и членови во владата, претседателот на Собранието Талат Џафери, пратеници, претседатели на политички партии, уредници и други гости.

    – Во оваа Ифтарска вечер, еве седиме заедно на маса, го делиме лебот, споделуваме меѓусебна почит – и ова е најдобар одраз на вредностите кон коишто сме определени. Тоа е сплотеноста, во еднакво општество за сите, во кое што заедно ги надминуваме предизвиците и заедно ги отвораме перспективите, градиме иднина – за секој човек, за секое семејство, за нашата заедничка држава, којашто е наш заеднички дом – порача премиерот Ковачевски.
    Тој посочи дека годинава рамазанскиот пост се преклопува со велигденскиот пост, дека се пости различно, но дека пораките на двата верски празника се исти – да се сакаме, да сочувствуваме едни со други, да простуваме, да имаме разбирање едни за други.

    – Во пресрет на Рамазан Бајрам, ви пожелувам на сите добро здравје, спокој, радост во домовите. И да го чуваме и негуваме ова наше заедништво, во општеството по кое станавме пример и во регионот и во Европа, како се учи, работи, живее заедно, во мир – рече премиерот Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img