Ковачевски постави јасни услови

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Премиерот Димитар Ковачевски на својата Фејсбук страница уште еднаш потврди дека Владата формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји-членки, како и оти секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Македонија.

„Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, посочувам дека, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се следниве елементи – чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет, историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка“, наведува Ковачевски на Фејсбук.

Премиерот наведува дека преговорите помеѓу Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот.

„Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија“, нагласува премиерот, додавајќи дека секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија.

Share This Article