Ковачевски оствари средба со министерот Џејхун Бајрамов

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Њујорк имаше билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Азербејџан, Џејхун Бајрамов. Тема на разговор на состанокот беше енергетската криза и можностите за соработка во делот на обезбедување на енергенси и можноста за приклучување на гасоводната мрежа.
На состанокот беше истакнато дека воените дејствија на Русија врз Украина се една од причините за енергетската криза во светот и дека ваквата состојба повеќе се чувствува во Европа, за што има сериозно зголемување на цената на природниот гас. Во разговорите беше истакнато дека Азербејџан придонесува во надминувањето на енергетската криза, преку развивање на постоечките гасоводи.
- Advertisement -
Ad image

На состанокот беше дискутирано и дека ЕУ се насочува кон сигурни снабдувачи на енергија, а Азербејџан е еден од нив, преку проширување на Јужниот гасен коридор со удвојување на испораките на гас од Азербејџан во ЕУ.

На состанокот премиерот Ковачевски истакна дека со интерконекторот за гасно поврзување со Грција, Северна Македонија ќе се поврзе со транс јадранскиот гасовод и на тој начин гасот од Азербејџан ќе стигне и на нашиот пазар. За Владата на Република Северна Македонија, изградбата на национален гасоводен систем и неговото поврзување со регионалните гасоводни системи е приоритет.
Средбата во Њујорк меѓу премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи на Република Азербејџан, Џејхун Бајрамов, беше искористена за продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете земји во различни сфери.
Share This Article