Премиерот Димитар Ковачевски во „кежуал“ издание присуствуваше на доделувањето на социјални станови, на 28 семејства од Гевгелија и патем, како незаобиколна тема зборуваше и за уставните измени и за усогласувањето на ставот со политичките партии.
Ковачевски од Гевгелија испрарти порака дека гласањето во македонското Собрание значи гласање за обезбедување европска иднина на државата и продолжување на процесот на евроинтеграција, којшто зависи од нас.
– Порано ако сме имале вето од надвор денес за првпат може ветото да дојде внатре од државата. Меѓутоа еве да дадеме простор на процесот, сите да можат да ги кажат своите ставови и да ги модерираат согласно своите и интересите на граѓаните коишто сакаат со огромно мнозинство над 80% да живеат во земја членка на ЕУ – рече Ковачевски.
Во дополнителното прашање дали е направен договор со ВМРО ДПМНЕ за гласање на уставните измени, Ковачевски со кусо одговори дека остава простор за договор и секој да ги модерира своите ставови.
– Видете кога ќе има доволен број на гласови, 120 кога ќе гласаат минус два од Левица коишто сигурно немаат да гласаат. Тие се против членството на државата во Европската унија и сѐ до тогаш оставам простор на договори и секој да ги модерира своите ставови – рече Ковачевски.