Работиме на методологија којашто ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите. Воспоставуваме дијалог со здруженијата на пензионери и сите засегнати страни, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Тој информира дека моментлано се работи на анализи кои треба да бидат презентирани.
– Најавуваме дека работиме и на пакет мерки со финансиска помош за пензионерите за полесно справување со економската и енергетската криза. Ќе биде определена врз основа на анализи – рече Ковачевски.
Во однос на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите за 20%, Ковачевски истакна дека ваквиот предлог е паушален.
– Само за да покаже дека учествува во овој процес, меѓутоа не се базира на никаква методологија и на никакви анализи. Спротивно на тоа, ние веќе работиме на методологија која што ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите – рече Ковачевски.