Досегашниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, уште пред една година ја депонираше својата оставка до премиерот Димитар Ковачевски, но истата дури сега му е прифатена.
Ковачевски на оваа функција дојде пред 4 години, но засега не е познато поради која причина тој си заминува од директорското место во АД ЕСМ.
Според информациите кои протекоа во некои од медиумите Васко Стефанов ќе биде нов директор на АД ЕСМ по повлекувањето на Васко Ковачевски.
Стефанов стана директор на „Македонска Пошта“ по разрешување на Јани Макрадули, а бил директор и на Водостопанство.
Инаку за денеска во 13 часот е закажана прес-конференција на која ќе бидат премиерот Димитар Ковачевски, министерост за економија Крешник Бектеши, како и сѐ уште актуелниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, па се очекува токму таму да бидат изнесени повеќе детали за неговот заминување од оваа раководна функција.