More

    Ковачевски и владата се одлепени од реалноста, вели ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Баханалиите и лумпувањата на владината делегација во Белград, на чело со Ковачевски беше срам за Македонија. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај поради урнисаниот стандард, тонат економијата и стопанството, хаос во образованието и здравството, а на Ковачевски му дошло за неколкудневно забавување со вино и музика на уво. Се смее и ужива додека народот му осиромашува – реагира ВМРО-ДПМНЕ со соопштение.

    „Дека Ковачевски и владата се целосно одлепени од реалноста покажува и фактот што потпишуваат меморандуми за брзи железници, а да биде апсурдот поголем, во Македонија сообраќа само еден воз и тоа на делница од 40-тина километри. Не можат локомотива да поправат, не можат праг на пругата да сменат, не можат мост да реновираат, патници малку со воз, малку со автобус, малку пак со воз се тормозат, а се фалат дека ќе градат брза железница.

    Ако нарача уште едно шише од виното за домаќините, Ковачевски ќе потпише и меморандум за космодром. Нека се вразуми Ковачевски, нека се врати на земја и нека се зафати со решавање на барем еден проблем којшто го имаат граѓаните, од многуте кои ги предизвика неговата влада“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img