Ковачевски и Рама зборуваа за двете иницијативи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Отворен Балкан не е живот или смрт и не е моја вина доколку вие сакате да го гледате тоа прашање така, одговори премиерот на Албанија, Еди Рама на прашање на новинарите дали оваа иницијатива е завршена, на денешната заедничка прес-конференција во Скопје со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски.

Рама рече дека доколку би имал можност да се врати назад, иницијативата Отворен Балкан би ја почнал 1000 пати.

– Не е моја вина доколку вие тоа сакате да го гледате како живот или смрт. Не е живот или смрт! Што е Отворен Балкан? Една од 72 иницијативи. Зошто беше преземена? Поради тоа што Берлинскиот процес имаше застој, не се движеше. Што донесе? Фантастични работи кои се реалност на луѓето кои ги користат договорите на Отворен Балкан за да тргуваат, се движат – рече Рама.

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека резултатите коишто ги даде Отворен Балкан и којшто има поддршка над 70 проценти меѓу граѓаните и компаниите, во сите три држави остануваат, ќе се работи на нови бидејќи мисијата на интеграцијата како императив, а којшто финална цел е интеграција на сите земји во ЕУ, не завршена.

– Берлинскиот процес е поширока иницијатива, ќе работиме заедно на неа во рамки на Берлинскиот процес конечно се потпишаа три договори, коишто се депонирани во нашето МНР, што значи дека со самото тоа Северна Македонија има свој значаен углед во Берлинскиот процес – додаде Ковачевски.

Тој додаде дека пред една недела се сретна со германскиот канцелар Шолц при што разговарале за Берлинскиот процес и за потребата на зголемување на економската соработка меѓу земјите од Западен Балкан и на зголемена поддршка од земјите од ЕУ за земјите од регионов.

Ковачевски ги повика сите лидери на Западен Балкан да се посветат кон интеграциските процеси во регионот и кон забрзано имплементирање на реформите за побрза интеграција на нивните земји,а со тоа и регионот во ЕУ.

Share This Article