Ковачевски и Арсовска на тајните средби да договорат почист воздух

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нема потреба од вонредна седница на Советот на Град Скопје, одговори партијата ВМРО-ДПМНЕ на барањето на советничката група на СДСМ за таква седница заради високото аерозагадување, на која би се вовеле мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

„Ковачевски и Арсовска на тајните средби, покрај тендери, нека договорат за народот мерки за почист воздух. Сите мерки кои ги има Јанчева или некој советник од СДС може да му ги даде на Ковачевски, кој е во тајна коалиција со Арсовска, и заради која соработка ВМРО-ДПМНЕ ја повлече поддршката за градоначалничката. Ковачевски на средбите со Јакимовски и Арсовска, освен тендери може да договори и некоја добра работа за граѓаните како што е почист воздух“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, СДСМ досега требало да сфати дека нивниот претседател е во коалиција со Арсовска.

„Плод на истата е и директорот на ЈСП, кадар на СДС, претпријатие преку чие ефикасно делување може да се намали загадувањето. Очигледно е дека во СДС не се знае кој што прави, па Јанчева или го опструира Ковачевски или тој го опструира цело СДС, може тоа е и плус причина зошто пратениците му бараат избори, а тој бега“, соопшти партијата.

Share This Article