Ковачевски го брани ДУИ со добро позната тактика, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до медиуми обвини премиерот Димитар Ковачевски застанал зад ДИУ и нејзините членови  кога во изјавата  за случувањата во М-Нав  покрај другото рече дека друштвото станало семејно стебло на првиот човек на синдикатот Александар Тасевски.

Партијата тврди дека премиерот со нему својствена тактика се обидува да ја брани ДУИ и нејзините членови кои го предизвикаа инцидентот.

-По „Пајакот” и „Кабелот”, сега виновен е „Синдикалецот”,  Ковачевски го брани ДУИ со добро позната тактика. Ковачевски застана во одбрана на ДУИ, за него не е важен упадот виновен е синдикатот.Требаше да помине недела дена за власта да смисли напад, како црното да го претстави за бело. Па така за Ковачевски не е проблем што бандитите од ДУИ кои го загрозија македонското небо се несанкционирани, виновен е синдикалниот лидер или некои вработени – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека со ваквото заемање на став премиерот застанал зад ДУИ во обид да остане на власт.

-Очигледно требаше сите да знаеме дека кадрите на ДУИ не можат да бидат виновни за нешто, се додека СДС и Ковачевски треба да се власт, зошто тие се спремни и најмизерните изговори да ги претставуваат како вистини, само да владеат. А, за Ковачевски власт има само преку ДУИ, затоа нема одговорност и затоа нема ред. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article