Ковачевски ги осудува вчерашните настани

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најостро ги осудувам вчерашните настани кои за голема среќа не резултираа фатално за граѓаните. Никаков револт не може да оправда употреба на огнено оружје од страна на цивили, каменување, оштетување државен имот, посегнување по нечиј живот, напиша денеска на својата фејсбук-страница премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додава дека изразувањето незадоволство преку мирно протестирање е уставно загарантирано право и дека оваа Влада досега повеќе пати покажала и докажала дека демократијата е во рацете на граѓаните и никој нема да им го ускрати тоа право.

„Но, омразата и насилството не биле решение и никогаш нема да бидат решение за ништо. Од последните случувања, и хулиганското однесување на улица има само еден губитник, а тоа е Република Северна Македонија“, потенцира премиерот.

Ковачевски ги повикува политичките чинители да не ги вовлекуваат граѓаните во насилни протести, како што вели, давајќи им лажни ветувања.

„Ваквите сценарија веќе ни се добро познати на сите нас. Вчера видовме страшен пример за политичари кои имаа несовладлива склоност да играат улога на жртва, поради голема желба за моќ. Ваквите игри го покажуваат вистинското лице на оние кои се кријат позади народот. Еден ден ги поттикнуваат на радикализам, веќе следниот се повлекуваат и оградуваат од граѓаните кои претходно ги изманупулирале. Ним сакам да им порачам – крвавите сцени во Законодавниот дом, на улиците низ државата, се едно минато време кое е зад нас и на кое никогаш нема да дозволам да се вратиме“, пишува премиерот Ковачевски на Фејсбук.

Сегашноста, додава тој,  ни укажува на други приоритети, а тоа се хармонија и просперитет.

„Во Република Северна Македонија институциите функционираат, оттука секој проблем, прашање, се решава низ дијалог. Така функционира земја членка на НАТО, така функционира земја чија иднина е ЕУ, така функционира и Северна Македонија. Во ниту еден момент како Влада не сме го довеле под знак прашалник македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Наша обврска е да го сочуваме достоинството на граѓаните и тоа го правиме. Ние сме европска влада и се залагаме за европски вредности“, пишува премиерот.

Share This Article