Ковачевски – Фон дер Лајен: Време е за мудри одлуки, македонскиот јазик и идентитет во ЕУ се заштитени

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска имаше тет-а-тет средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
- Advertisement -
Ad image

На средбата Ковачевски и Фон дер Лајен разговараа за најважните прашања поврзани со проширувањето на Европската Унија. Беше констатирано дека сега е моментот кој треба Северна Македонија да го искористи за прифаќање на европскиот предлог, што понатаму значи и одржување на првата меѓувладина конференција и почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Она што беше нотирано од страна на претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен, е дека местото на Северна Македонија и Западен Балкан е во Европската Унија и тоа е единствениот пат кој води кон подобра иднина за сегашните и идните генерации.

Ковачевски и Фон дер Лајен уште еднаш потенцираа дека со европскиот предлог не се загрозува на ниту еден начин идентитетот, културата, историјата и македонскиот јазик.

На средбата беше дискутирано, дека во контекст на новите гео-политички околности, многу е значајно деблокирањето на евроинтеграцискиот процес и почетокот на преговорите за нашето членство во Европската Унија, што е важно за целокупниот напредок на Северна Македонија.

На средбата беше истакнато дека одлуките кои се носат сега ја гарантираат иднината на земјата, и затоа се потребни мудри и државнички потези кои водат кон просперитет, развој на демократските вредности и севкупен економски напредок.

Share This Article