More

    Ковачевски – Едштадлер: Евроинтеграциите на Северна Македонија се потребни за стабилноста на регионот и ЕУ

    spot_img
    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, се сретна со Каролина Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ на Република Австрија.
    На состанокот е разговарано за предизвиците од војната во Украина, значењето на евроинтеграциите и можностите за унапредување на добрата билатерална соработка.

    Заедничка е осудата на руската агресија во Украина.

    При тоа, констатирано е дека интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ е од значење за стабилноста и безбедност на регионот, но и на Европа и дека сега е моментот за исчекор.

    Во таа насока, изразена е целосна поддршка од Австрија за европските аспирации на нашата држава.

    Во премиерите Ковачевски и Петков се гледа како на луѓе кои ги движат работите напред и со новата клима на почитување во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, се оценува дека има отворен прозорец на можности за доаѓање до принципиелно решение.

    Премиерот Ковачевски се заблагодари за големата и пријателска поддршка од Република Австрија за евроинтеграциите на Република Северна Македонија и како држава којашто е меѓу најголемите инвеститори во земјава.

    „Ги споделуваме вредностите на ЕУ, членка сме на НАТО, се поставивме целосно на линија на политиките на НАТО и на ЕУ во однос на војната во Украина, отворено ја дадовме потребната помош на Украина, подготвени сме да прифатиме и евентуални бегалци од државата. Во исто време донесовме антикризни мерки за помош на граѓаните и компаниите, ги решаваме предизвиците со енергијата и обезбедувањето храна, разговараме и со Бугарија за можните решенија. Европските интеграции на Северна Македонија и на Албанија се потребен сигнал за целиот регион и важни за стабилноста во ЕУ“, рече премиерот Ковачевски.

    На средбата е разговарано и за можностите за унапредување на трговијата меѓу државите, како и за натамошниот развој на односите меѓу двете земји и во други области од значење за граѓаните.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img