More

    Ковачевски бара трпение за сајбер-нападите врз ФЗО

    spot_img

    Сајбер-нападите на кои е изложена Република Северна Македонија апсолутно се поврзани со војната којашто се води во Украина бидејќи пред тоа не постоеа – вели премиерот Димитар Ковачевски во интервју за државната агенција МИА дадено за време на Минхенската безбедносна конференција.

    – Освен тоа, хибридната војна којашто се води и којашто вклучува сајбер-напади, којашто вклучува хакерски напади, којашто вклучува дезинформации, практично е нов начин на војување којшто досега не е виден. Тоа има неколку цели: прво да направи блокада на клучни витални системи во држави кои се членки на НАТО, на ЕУ, коишто се западно определени. Второ, да внесе немир кај граѓаните бидејќи се напаѓаат системи коишто опслужувааат голем број граѓани и трето да направат еден систем на дезинформации во државите коишто на крајот од денот оди во насока и корист само на оние коишто не сакаат да го видат нашиот регион конкретно да биде дел од ЕУ или да биде дел од НАТО – вели Ковачевски во интервјуто.

    Тој посебно го коментираше нападот врз Фондот за здравство.

    – Во случајот со Фондот за здравство работат експерти од нашата држава заедно со експерти на земји членки на НАТО кои се врвни експерти. Личните податоци на граѓаните, што се однесува на нивните медицински досиеја, тие се заштитени внатре во системите на Фондот, меѓутоа, другите активни системи на софтверите кои се користат се под сајбер напад. Јас го разбирам револтот на здравствените работници. Прво имаше информации дека немало пари во буџетот. Пари во буџетот има и во Фондот за здравство и во централниот буџет, меѓутоа со оглед на начинот на кој се исплаќаат платите и со оглед на сајбер нападот кој што се случува, тоа не беше возможно да се направи во изминатите денови – изјави премиерот Ковачевски за МИА.

    Тој уверува дека и овој проблем ќе се реши.

    – Ние работевме заедно со Министерството за финансии и со вработените во трезорот. Сакам да истакнам нешто друго, а тоа е дека кога беше корона-кризата, наши херои беа докторите и сите ние имавме апсолутно разбирање за нив и сите пофални зборови им ги дававме на начинот со којшто со натчовечки напор со 24 часовна работа се справуваа со кризата и им помагаа на граѓаните. Денес, при овие сајбер напади и при оваа хибридна војна, повторно има луѓе кои 24 часа работат. Тоа се ИТ-инженерите, коишто работат во институциите. Ние, исто така, имаме формирано и специјален тим во МВР, во којшто учествуваат ИТ-инженери од Агенција за разузнавање и од Агенција за национална безбедност. Тие луѓе имаат имиња и презимиња, но ние не ги знаеме бидејќи никогаш немале можност да бидат дел од јавна дискусија и од медиуми. Меѓутоа, и тие работат 24 часа на ден. И тие имаат свои семејства кои не ги виделе, и јас ќе се потрудам лично на еден од наредните јубилеи кои нашата држава ги слави, барем еден од нив да биде награден со државна награда во име на сите нив, кои 24 часа работат за да ги заштитат и одблокираат ситемите кои се под сајбер-напади – рече премиерот Ковачевски, апелирајќи до граѓаните на смиреност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img