More

    Ковачевски: 100% ги покриваме потребите за електрична енергија за домаќинствата и за 20% се намалени сметките за малите потрошувачи

    spot_img

    Зголеменото производство на електрична енергија е основа наредниот период да имаме можно намалување на електричната енергија, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на денешната панел дискусија „Северна Македонија како зелен енергетски хаб- како да се претвори кризата во можност“.

    Премиерот потенцираше дека стратегијата на Владата како и експертите ангажирани во енергетскиот сектор, придонесоа да се зголеми производството на електричната енергија, а со тоа да дојде и до намалување на цената на електричната енергија.

    „Минатата година ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20% во однос на претходната година. За оваа година планот е повторно зголемување на производството на електрична енергија. Драго ми е што вчера видовме податок дека во текот на вчерашниот ден се произведени над 21 мегават/час електрична енергија што е најголемо производство во еден ден во изминатите 10 години. И тоа дава основа да може да правиме пресметки врз основа на коишто нема да има зголемување на цената на електричната енергија“ рече претседателот на Владата, на денешниот панел во рамки на годишната конференција „Година на нови можности“.

    Ковачевски истакна дека иако очекувањата на сите беа дека ќе има зголемување на цената на електричната енергија на почетокот од годината, со 100% покривање на потребите за електрична енергија за домаќинствата сметките за малите потрошувачи се намалија за 20%.

    „Со зголемување на производството на државните електрани имаме намалување на цената на електричната енергија во првите два блока, а таму е најголемиот број од домаќинствата кои трошат електрична енергија. Многу благо покачување во третиот блок и поголемо покачување во четвртиот блок. Четвртиот блок се практично наши граѓани кои трошат поголеми количини на електрична енергија кои загреваат поголеми површини, загреваат и базени во текот на зима, но тоа за нив не претставува проблем и добро е што тоа можат да го прават, но плаќаат нормално поскапа електрична енергија. Дополнително што е најважно, за малите компании цената на електрична енергија се намали за 20%, тоа се компании кои вработуваат 98% од вработените во државата“- истакна Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img