Толку колку што е потребно време ќе траат консултациите за францускиот предлог, вклучувајќи ги партиите, владата, претседателот, јавноста, експертите, изјави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на вонредната прес-конференција.
Според Ковачевски, одвивањето на самиот процес на пристапни преговори со ЕУ е дефиниран процес во рамките на Унијата, кој што е дел од стандардите.
– Тој процес го водат земјите-членки на ЕУ. Во однос на протоколот, тој не е прв, тој е втор од Комисијата што работи на следење и спроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија. Тој е усогласен и детали ќе бидат презентирани од МНР. Протоколот нема да биде дел од преговарачката рамка. Откако ќе започне процесот на преговори и ќе биде усвоена преговарачката рамка, процесот се води од страна на земјите-членки на ЕУ, а ние имаме обврска како држава кандидат да ги негуваме добрососедските односи со сите други соседи, покрај Бугарија – објасни премиерот.
Ковачевски информира дека предлогот кој што е добиен денеска е поздравен од Германија и други земји, така што овој документ е доставен од претседателството.
– Сите детали ќе бидат презентирани од утре до сите медиуми и заинтересирани страни во државата. Во однос на вклучувањето на другите граѓани во Уставот, не зборуваме за тие само со бугарско самоопределување, имаме изјави од сите политички актери во државата дека сите ќе го поддржат. Во однос на консензуалното прифаќање на нашите граѓаните и парламентарците, треба да биде со најширок консензус, оти на ваков начин праивме исчекор кон отворање на Првата меѓувладина конференција со ЕУ. Таа секогаш значи скрининг процес – додава премиерот.