Ковачев тргнал на панихида во Ново Село

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската гранична полиција денеска не дозволила влез во земјата на бугарскиот европратеник од ГЕРБ, Андреј Ковачев, кој е и потпретседател на ЕНП, како и на Милен Врабески и уште тројца Бугари, јави бугарската новинска агенција БГНЕС.

Денеска, како и секоја година, спорд агенцијата, тие сакала да учествуваат на панихидата за жртвите на бугарските воени гробишта во струмичко Ново Село.

– За жал, не ми дозволија да одам на традиционалната прослава на Ѓурѓовден во струмичко Ново Село. Повеќе од 10 години на Ѓурѓовден одам во Ново Село, Македонија, на нашите бугарски воени гробишта. Годинава повторно отидов таму, и на мое големо изненадување и чудење, без објаснување не бевме пуштени – изјави Ковачев за БГНЕС.

Тој вели дека е „крајно изненаден“ и додава дека пред само неколку дена се сретнал со министерот за надворешни работи Бујар Османи и дека тој, ГЕРБ и лидерот на партијата Бојко Борисов прават се што е можно за да ги олеснат маките на Северна Република Македонија оди напред кон ЕУ.

Share This Article