More

    Коцарев забележува дека се води света војна против македонството

    spot_img

    „Едно сениште кружи низ Македонија – сеништето на македонството“. Вака пишува претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, во својата најнова колумна во весникот „Нова Македонија“, насловена: „НЕ за промена на Уставот, ДА за ЕУ“.

    Тој забележува дека многу сили во Македонија и во ЕУ направија сојуз за света војна против македонството.
    „Тој сојуз е притаен, добро воден, меѓусебно оркестриран и меѓународно синхронизиран, медиумски сестрано помогнат, а во исто време, за да се намалат неговата видливост и неговата снага, во Македонија се промовираат бесмисленост, апсурд, неукост, алчност, апатија, промена на Уставот, од една страна, додека, пак, од друга страна, сите што барем малку ќе проговорат за македонството се етикетираат за националисти, предавници и лажговци. Меѓутоа, за разлика од оние што инсистираат на промена на Уставот во Македонија, јас се вџасувам и се згрозувам од фактот што, во демократска Европа, во 21 век, воопшто, како граѓанин на оваа моја земја, јас сум принуден да избирам меѓу овие две опции. Мој избор, без колебање, е: НЕ за промена на Уставот и ДА за ЕУ“, пишува Коцарев.

    Граѓаните, па така и професорите на кој било универзитет во светот, додава Коцарев, имаат право да го определат сопствениот национален идентитет.

    „Според Универзалната декларација за правата на човекот на Обединетите нации: ‘Секој има право на националност’ и ‘Никој не смее самоволно да биде лишен од својата националност, ниту од правото да ја промени националноста’. Меѓутоа, професорите што извршуваат раководни функции, на пример, директори на национални институции, без разлика на нивната национална припадност, имаат општествено одговорна задача да се грижат за македонскиот јазик, за македонската книжевност и за научната дисциплина историја на Македонија. Кога станува збор за Македонија, ќе подвлечам дека сегашниот однос на дел од политичарите, но и на дел од историчарите, кон македонството предизвикува вознемиреност, затоа што таквиот однос ја исклучува иднината од минатото, ставајќи ја таквата иднина надвор од историскиот сензибилитет. Дисциплината историја постои под претпоставка дека нашето минато, сегашност и иднина се поврзани преку одреден континуитет на човечки искуства. Оттука, иднината може да се замисли со помош на истите способности, капацитети, моќи, кои овозможуваат да го замислиме минатото. Денес Македонија се наоѓа во противречна и конфузна состојба – за европска иднина за нас, треба да замислиме иднина без нас“, пишува, меѓу другото, Коцарев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img