Коста Кецмановиќ(14) кој уби девет соученици и чувар во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград почна да следи онлајн настава, пишуваат српските медиуми. Во посебна соба во Клиниката за невропсихијатрија за деца и млади тој ги следи часовите кои му ги одржуваат наставници од основното училиште „Драган Херцог“.
– Нему му е обезбедена технологија со која ја следи наставата, а со оценување, колку што знам, сè уште не е започнато, дури и самите професори на почетокот се чувствуваа чудно, имаа одредени резерви бидејќи треба да учат ученик кој ги убил другарите и чуварот на училиштето, извршил страшен масакр, но сепак засега сѐ оди како што треба – објасни неименуван извор за српскиот портал Република.
Тој додава дека сето тоа било новост за професорите кои го учат момчето убиец бидејќи најчесто тие работат со тешко болни деца.
– (Коста К.) нема пречки во развојот, така што наставниците немаат проблем од тој аспект, но ова е дефинитивно ново за нив, пред сѐ поради целата ситуација, затоа што се работи за момче кое извршило страшно злосторство и второ, затоа што немаат посебен систем за работа со него, како што обично го имаат со децата кои вообичаено го посетуваат ова училиште – рече изворот.