Коста К., има желба да купи камперска приколка и да го прошета светот, a жали само за една од жртвите и за најдобриот другар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Напаѓачот од Врачар, 13-годишниот Коста К., во болницата каде престојува рекол дека има желба да купи камперска приколка и да го прошета светот, тврдат српските медиуми.

Коста К. уби деветмина соученици и чувар, а рани неколкуминa во основното училиште Владислав Рибникар, а досега жали само за една од жртвите.

– Неколку пати праша колку луѓе загинаа, тоа не го знае. За чуварот Драган Влаховиќ е сигурен само затоа што се вратил да го „верификува“, иако како што вели не сакал да го убие туку го фатила паника – вели изворот на Курир и додава:

Коста признал дека му е жал и дека го ранил својот најдобар пријател кој со неподвижни нозе и една рака сега е на лекување во Чикаго, во САД.

– Јас сум виновен што го застрелав мојот најдобар пријател, не сакав него тоа да му го направам. Многу ме загрижува дали ќе биде подобро – рекол Коста К. во еден од разговорите во институцијата.

Според српски Курир само во овие два случаи, за чуварот и за својот најдобар пријател, Коста К. признал дека му е жал за стореното.

Share This Article