Коста Кецмановиќ, момчето убиец кое на 3 мај минатата година уби девет врсници и училишен работник за обезбедување во училиштето „Владислав Рибникар“ за време на рочиштето во истрагата одбил да ги погледне фотографиите на убиените во масакрот што призна дека го извршил, дознава српски Курир.
– Не ги видов сликите по 3 мај минатата година – изјавил тој на распитот, според неофицијални информации.
– Не сакам да ги гледам, не ми е удобно – изјавил Коста К. на распитот.
Тој денеска треба да сведочи е на второто рочиште од случајот против неговите родители, а прашања ќе му поставуваат родителите на жртвите. Тој повторно ќе биде донесен во најголемата судница на Специјалниот суд во Беглрад со Брза помош, во придружба на полиција од клиниката каде престојува од 3 мај 2023 година.
Пред десетина дена започна судењето против неговите родители Владимир и Миљана Кецмановиќ. На рочиштето, Коста К., одговарајќи на прашања на обвинителството, судот и на адвокатите, рече дека ги извршил убиствата бидејќи ѝ бил лут на сопствената мајка, дека се чувствувал отфрлен во училиштето, но и дека немало да го изврши масакрот доколку немал пристап до сефот со оружје на неговиот татко.
Коста К. правел долги паузи пред да ги даде одговорите.
На конкретно прашање на мајката на еден од убиените ученици „зошто го убил нејзиното дете“, Коста К. изјавил дека „не сака да им помага на другите“.
– Кога таа го соочила со фактите дека нејзиниот син не само што бил талентиран и сакан во општеството, туку и дете кое му помагало на секој што барал помош, вклучително и на врсникот што го убил, тој одговорил: „Не се сеќавам на тоа, што зборуваш“ – вели соговорникот на Курир, откривајќи детали од провото рочиште кое беше крајно потресно за родителите на убиените деца.
Пред злосторството, според сопственото признание, Коста К. отишол на стрелиште со својот татко и почнал да забушава во училиште „бидејќи бил заљубен и не размислувал многу за обврските“.
Тој раскажа дека на 1 мај минатата година зел два пиштоли на татко му и ги ставил во училишниот ранец. Како што изјавил, донел и 92 куршуми и „планирал сите да ги употреби“. Признал дека планирал да доцни на првиот час за учениците да бидат во училницата, но и дека кога стигнал во училиштето за момент се двоумел, но потоа ја започнал крвавата гозба.
– Додека бев во училницата, не видов во кого пукам. Не препознав никого пред да го повлечам чкрапалото. Ми кажаа дека наставничката е ранета, па знам дека била во училницата, но тогаш не ја препознав – изјавил малолетниот убиец.
За време на сослушувањето, момчето убиец призна дека првиот чекор во планирањето на грозоморниот масакр е „правење скица на училиштето“.
– Скицата на училиштето и планот за убиство ги направив на моето биро. Можеби две или три недели пред вистинскиот настан. Тоа беше првиот чекор во планирањето на убиството. Направив и список на деца за кои би било во ред да ги застрелам, но списокот порасна на 22 или 23 имиња, па се откажав од него – изјави во грозоморната изјава момчето убиец.
На прашањето дали повеќе пукал во момчиња или девојчиња, тој одговорил:
– Беше… Не беше важно. Иако знам дека има повеќе погодени девојки.
Таткото Владимир Кецмановиќ е обвинет за тешко кривично дело против општата безбедност, односно затоа што неправилно го чувал оружјето во неговиот стан, но и затоа што водел до стрелиштето и учел да пука.
ДНК од мајката на Коста К. беше пронајдена на чаурата во училницата каде што тој пукал во своите врсници.