More

    Косовскиот министер за германски медиуми: Можна нова војна на Балканот

    spot_img

    Косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала-Шварц во понеделникот во разговор за германските медиуми предупреди на можноста од нова војна на Балканот.

    „Доколку меѓународната заедница продолжи да ги толерира акциите на Србија, ќе има нова војна“, изјави Доника Гервала-Шварц во интервју за јавниот сервис Deutschlandfunk и побара од меѓународната заедница да преземе мерки против Србија.
    „Вучиќ ќе престане само ако ЕУ воведе санкции против Србија. Исто така, треба да ѝ се закани дека ќе ги замрзне преговорите за членство во Европската унија доколку Белград не ги екстрадира одговорните за настаните од пред осум дена и не се откаже од нападот врз Косово и сите други земји во регионот“, рече косовскиот министер за надворешни работи и Заменик премиер.

    Таа рече дека Србија сака да „создаде нови факти“ за да го принуди Косово да се согласи на територијални отстапки на преговорите во Брисел.

    „За среќа обидот пред осум дена не успеа, но којзнае што ќе донесе иднината… Целта на Белград е да окупира дел од косовската територија. Ова не е прв пат Вучиќ да ја стационира војската на границата со Косово“, рече Гервала-Шварц.

    Истовремено, германските медиуми јавуваат дека косовската влада во понеделникот презентирала видео снимка со која се докажува дека терористичката група која го нападна Косово на 24 септември и уби полицаец уживала логистичка поддршка од српските државни институции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img