More

    Косовскиот министер: Однесувањето на Србија потсетува на Русија пред инвазијата на Украина

    spot_img

    Косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала-Шварц изјави дека распоредувањето на српската војска на границата со Косово потсетува на однесувањето на Русија кон Украина пред нејзината инвазија и ја повика Европската унија да преземе мерки против Белград, како што е замрзнување на нејзиниот кандидатски статус.

    „Во последните години никогаш немало ваква концентрација на војници. Оружјето што го имаат таму, тенковите – тоа ни дава лошо чувство бидејќи не знаеме како ќе одговори меѓународната заедница“, изјави Гервала-Шварц за германската телевизија Deutschlandfunk во денешното интервју.

    Таа, исто така, предупреди на реториката на Србија, споредувајќи ги нејзините „методи“ со однесувањето на Русија кон Украина.

    „Затоа е уште поважно да се преземат неопходните чекори“, рече таа.

    Таа подвлече дека српскиот претседател Александар Вучиќ „нема да застане на ова ако не се испратат јасни пораки и ако не ги согледа последиците од неговите постапки“, и рече дека тоа може да вклучи суспендирање на средствата од ЕУ за Србија и статус на кандидат за членство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img