Косовската полиција влезе во експозитури на Поштата на Србија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Припадниците на косовската полиција попладнево влегле во сите девет објекти на Поштата на Србија во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, објави косовскиот портал на српски јазик КоССев.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, информацијата дека се работи за синхрона акција во сите експозитури на српската пошта, во изјава за медиумите ја потврди и заменик началникот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, кој рече дека полицајците влегле во канцелариите на таа пошта по барање на Регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации (АРКЕП).

Според Елшани, тоа е направено по информацијата дека тие работат без лиценца и без регистрација во Агенцијата за регистрација на бизниси на Косово (АРБК), а се потврдило дека информацијата на АРКЕП е точна.

Елшани најави дека за интервенцијата е известен државниот обвинител и дека ќе се продолжи согласно неговите овластувања.

– По допис/информација добиена од АРКЕП, дека на територијата на Косово работат економски оператори без лиценца, а не се регистрирани во АРБК, полициски единици заминаа да ја проверат оваа информација. Информацијата се покажа како точна, за што полицијата го извести државниот обвинител и продолжуваме по неговите овластувања, рече Елшани.Експозитурите на Поштата на Србија се наоѓаат во општините во северно Косово населени со мнозиство Срби – Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. КоССев објави фотографии од експозитурите од кои се запленети документи и  по интервенцијата на полицијата истите се запечатени.

Министерството за информации и телекомуникации на Србија го осуди денешниот „упад“ на косовската полиција во неколку единици на поштенската мрежа на Јавното претпријатие „Пошта Србија“ на северот на Косово и Метохија.

-Ова е уште еден пример за демонстрација на отворена сила и незаконски дејствија на привремените институции на самоуправа во Приштина, чија цел е трајно прогонство на преостанатиот српски и други неалбански луѓе во областа на Косово и Метохија. “, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството наведува дека очекува „релевантните меѓународни актери да реагираат што е можно поскоро и да ги заштитат основните човекови и граѓански права на српското и другото неалбанско население на подрачјето на Косово и Метохија“.

Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, пак, изјави дека денешната акција на косовската полиција, која влезе во сите објекти на „Пошта Србија“ во северно Косово, како и просториите на трезорот на Поштенската штедилница во Лепосавиќ – е „незаконски“.

- Advertisement -
Ad image

-На овој начин Курти директно предизвикува воен конфликт и очигледно е дека по секоја цена сака да предизвика конфликти на терен, а сето тоа пред меѓународната заедница, оценува Петковиќ во писмената изјава.

Share This Article