Косовската полиција рано утрово почна акција во северниот дел на Косовска Митровица, Звечане и Зубин Поток

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Косовската полиција рано утрово почна акција во северниот дел на Косовска Митровица, Звечане и Зубин Поток. Оклопните возила на специјалните полициски сили  РОСУ се наоѓаат на повеќе локации во Северна Митровица.

Косовската полиција на Фејсбук објави дека ја спроведува наредбата на надлежниот суд за проверки на пет локации во три општини на северот на Косово.

„Овие акции се спроведуваат во врска со неодамнешните настани во селото Бањска. Полициската акција ја спроведуваат соодветните единици на косовската полиција, со присуство на обвинител на лице место. Косовската полиција за ова ги известува граѓаните прилика да не се грижат. Контролните наредби се извршуваат во координација со ЕУЛЕКС и КФОР“, соопшти косовската полиција.

Српските медиуми информираат дека полицијата претресува на повеќе локации.

Упад на полицијата имало и во Клиничко-болничкиот центар во Северна Митровица, а што потврди и директорот на  институцијата д-р Златан Елек.

Елек вели дека специјалните сили на косовската полиција се уште се во болница и вршат претрес, што предизвикува вознемиреност кај вработените но и кај пациентите.

-Првираат претрес во пералната и одредени канцеларии на влезот во болницата. Без никакво знаење од управата и раководството на болницата, јас и д-р Драгиша Миловиќ како директор воспоставивме контакт со нив, ни рекоа дека имаат наредба за претрес од Судот.Се уште се во болничкиот круг, постои голема вознемиреност кај пациентите и кај вработените – изјави Елек.

Share This Article