Косовската полиција ги изложи оружјето, експлозивот и другите средства и опрема кои ги заплени во денешните рации на неколку локации во северно Косово.
Во подрум на зграда, во местото познато како „Три облакодери“ во Северна Митровица, пронајдени се три минофрлачи (зољи), еден калашников, муниција, експлозивни средства и различна воена опрема.
Ова е, како што се наведува во соопштението објавено на официјалната страница на полицијата на Фејсбук, „прелиминарен список на запленетото оружје и друга опрема: 87 парчиња експлозив ТМ 100; три рачни минофрлачи (зоља); една автоматска пушка АК-47; една противпешадиска мина од типот МРУД; 14 рамки за куршуми; муниција од различен калибар; 63 електрични детонатори; 23 механички детонатори; еден часовник за активирање; една рачна граната М79; три туби со запалив фитил; чанти, радија, панцири, медицинска опрема, елеци за носење рамки за куршуми, гас-маски, батерии и друго“.
Постои опасност да се работи и за класична местенка од страна на косовската полиција за да се обвинат Србите, после борбите околу православниот манастир Бањска кај Звечане, во кои имаше загинати лица.
Ова е видео на Новости, проследено со коментарот како косовската полиција „дивее“ во Северно Косово: