More

    Косово ги екстрадираше Агим Красниќи и Сехат Рамадан во Македонија

    spot_img

    Косово ги екстрадираше Агим Красниќи и Сехат Рамадан во Македонија, јави доцна попладневно ТВ Телма. Според медиумиот, испорачувањето се случило вчера, за што добиле потврда од Министерството за внатрешни работи.

    Екстрадираните биле сместени во затворот во Штип, каде ќе ја доиздржуваат казната за која биле осудени, откако не се вратиле по слободен викенд во 2020 година.

    Пред 2008 година, Агим Красниќи беше водач на т.н. „кондовска група“. Во 2004-тата и 2005-тата година предизвикаа и мини-криза во земјата која закрепнуваше од конфликтот во 2001-та година. Групата го зазеде Кондово, при што беа заробени неколку полицајци.

    По разбивањето на групата, Агим Красниќи и неговата група беа обвинети за кривичното дело подготвување на тероризам. Своевиден скандал беше првостепената пресуда со која групата доби ослободителна пресуда, бидејќи судијката Бајлозова тогаш не најде дека има докази за дејствија кои, според законот, го опишуваат кривичното дело.

    4Апелациониот суд ја поништи ослободителната пресуда и го врати предметот на повторно судење. Во меѓувреме, протов Красниќи беа подигнати обвиненија и за други дела. За дел од нив и беше осудуван низ годините и издржуваше казна затвор.

    Красниќи и Рамадани беа уапсени во Косово заедно со уште две лица, меѓу кои и братот на Агим, Бесим Красниќи.

    Бесим Красниќи екстрадиран од Косово во С Македонија, спроведен е во „Идризово“

    Кондовецот Бесим Красниќи (44), за кого македонската полиција имаше распишано меѓународна потерница, беше екстрадиран во земјава во средината на мај. Тогаш од МВР информираа дека лицето е спроведено во Казнено-поправната установа затвор „Идризово“.

    Бесим Красниќи се бараше за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img