Кошаркарот на Денвер, Арон Гордон, завчера пристигна во Србија каде во Сомбор се дружи со Никола Јокиќ.
Двете НБА суперѕвезди уживаат, што може да се види од видеата на Аренаспорт. Арон во друштво на Никола пристигна насмеан на хиподромот во Сомбор, се поздрави со пријателите и познаниците на Никола и се сликаше со најмладите.
Инаку, денеска во Сомбор на хиподромот се случуваше вистински спектакл на коњички спортови.
На трките присуствуваше и Марко Кешељ, поранешен кошаркар на српската репрезентација.
Покрај нив тројца, во Сомбор беа и министерот за спорт Зоран Гајиќ и советникот Дејан Бојовиќ.
Инаку освен што добро соработуваат на теренот, Јокиќ и Гордон се одлични пријатели и приватно. Да потсетиме, Гордон минатата есен го гледаше српскиот центар на Евробаскетот, додека ги следеше натпреварите на српската репрезентација.
Најголемиот адут на Никола Јокиќ, Брено Лаумар, победи на трката „Спомен на семејството Прерадовиќ“ на тркачката патека во Сомбор. Коњот е од шталата во сопственост на НБА играчот о победи на оваа трка четврта година по ред.
Во првата трка Арагорн кој му припаѓа на српски кошаркар го освои второто место. Првото место го освои А.Т. Синатра.